Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

За оваа страница

30/12/2005

Веб-страницата Southeast European Times е централен извор на вести и информации за Југоисточна Европа на десет јазици: албански, бугарски, хрватски, англиски, грчки, македонски, романски, српски, турски и босански јазик.

Целта на Southeast European Times е да понуди точно, избалансирано и со поглед кон напред известување за настаните во Југоисточна Европа.

Секој работен ден, Веб страницата ги бележи главните вести од целиот регион, како што се соопштени во локалните и меѓународните медиуми. Таа, исто така, содржи и анализи, интервјуа и коментари од платени дописници на Southeast European Times од регионот.

Известувањето на Southeast European Times се одликува со темелно познавање на локалните прашања - клучните играчи, настаните и чувствителните прашања кои можат да покренат значајни настани – погледнати од регионална перспектива. Тој ги идентификува трендовите, решенијата и успесите кои можат да служат како модели за прогрес низ регионот.

Southeast European Times e спонзориран од Aмериканската eвропска команда, здружена воена команда одговорна за американските операции во 52 држави.

ЕУКОМ е посветен на промовирање на стабилноста, соработката и благосостојбата во регионот.