Уште една жртва во рудникот за хром

06/06/2008

Aлбанските блогери пишуваат за актуелниот проблем со безбедноста.

Од Клодјан Сеферај за Southeast European Times во Тирана – 06/06/08

photo

Рудникот во Булќиза е местото каде што се случија неколку фатални несреќи. [AФП]

Албанскиот рудник на ферохром во Булќиза доби мрачно име -- луѓето сега го нарекуваат „рудник на смртта“, поради тоа што одзеде неколку човечки животи. Во мај 24-годишниот Новруз Ѓока стана деветтото лице што загина таму.

Претходно, во февруари, 53-годишниот Њази Алиу почина откако огромен земја падна врз него.

По секој нов инцидент, од владата и управувачите на рудникот доаѓаат ветувања за подобрување на безбедносните услови. Но, инцидентите продолжуваат. На briskut, Бленди пишува за трагедијата.

„Уште еден човек загина во рудникот на смртта“, пишува Blendi. „Се чини дека животот на рударот Булќиза не вреди повеќе од неговата тежина ... во хром.“

Според натписот во Albtoday, поставен на блогот, синдикатот на рударите двапати се обратил до властите за да ги извести за опасните услови. Но, официјалната реакција е „навистина слаба“, се вели во него, бидејќи владата ги продаде албанските рудници како концесии на различни претпријатија, странски и локални.

Perparimi коментира: „Ја следев со длабока болка трагедијата на овие луѓе и станувам нервозен кон владата, но, исто така, и кон опозицијата, која сé уште спие. Овие животи се загубени на ваков глупав и обичен начин -- што ме потсетува на еден куплет од Фан Ноли: тие заминаа лесно како што човек може да си го дофати увото.

На peshkupauje, пак, Kaso ги прекорува албанските политички водачи за нивното справување со напорите за обнова по експлозијата на муниција во Гердец. Додека екипите ги реконструираат домовите, бегалците се преместуваат од едно привремено место на друго.

„Не е првпат нашата политичка класа да му покажува на светот дека не демонстрира највисоки етички стандарди, туку под просечното ниво на луѓето“, пишува Kaso. „Наместо да се обиде да гради владеење на правото и функционирање на сервисот на граѓаните, таа демонстрира непочитување на законот.“

„За неа граѓаните претставуваат некој аморфен вид кој му е потребен само за изборните митинзи, за аплаузите и гласачките кутии“, заклучува тој.

Коментирајќи на блогот, Anonim поставува прашање: „Можете ли да објаснете зошто оваа стара држава, со сите нејзини уникатни квалитети, не може да создаде услови за удобен живот? Зошто имаме ваков вид политичари? Не сакаме да веруваме дека тие се она што го заслужуваме.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading