10/07/2006
Четири дена, обично мирната тврдина Петроварадин, беше дом на групи, диџеи и повеќе од 100.000 бессони млади луѓе.
Од Јелена Тусуп за Southeast European Times во Нови Сад -- 10/07/06
![]() Фестивалот Егзит беше отворен минатата недела во Нови Сад. [Давор Коњикушиќ] |
„Државата Егзит“ -- најмладата и најмалата нација на Балканот -- ги отвори своите порти за повеќе од 100.000 млади луѓе по шести пат во четвртокот (6-ти јули). Четири дена, градот Нови Сад и обично мирната тврдина Петроварадин живееја сосема поинаков живот, живот со групи, диџеи, млади и без сон.
Со учество на 600 уметници и повеќе од 35.000 посетители на отворањето, јасно е дека шест години фестивалот успева не само да го одржи високото ниво на интерес, туку и да стане една од најголемите забави во Европа.
Фестивалот има за секого по нешто, од ѕвездите како Франц Фердинанд, Морисеј, Калт, Пет шоп бојс, Били Ајдол и ХИМ, до светски познатите диџеи како Дејвид Кларк, Џеф Милс и Дерик Меј.
Двете најголеми сцени, Главниот подиум и Арената за играње, беа преполни до изгревот на сонцето над Дунав. Посветените обожаватели, исто така, беа и на подиумите за Хеви-метал, Блус и реге и Фузија.
Таму, поранешните југословенски врски беа посилни одошто се надвор од фестивалот. Општо земено, најпопуларните пејачи и групи беа од Хрватска, а најпосетени и најуспешни беа Дарко Рундек, Лет 3 и Масимо Савиќ.
Денски забавата продолжуваше околу познатиот Егзит камп и блискиот речен брег. Вооружени со тони вода, костими за капење и наочари, луѓето цел ден играа околу подиумите на плажата. Кога ќе се измореа, се засолнува во сенките на големите дрвја и спиеја на земја. Навечер, повторно се враќаат во Петроварадин за нова забава, музика и дружење.
Странците кои дојдоа на фестивалот рекоа дека се воодушевени од релаксираниот и пријателски пристап на младите Срби. И покрај тоа што сé уште не се знаат точните цифри, првичните импресии се дека имаше голем број Британци (повеќе од 2.000), Германци и Холанѓани, како и посетители од некои далечни места како што е Австралија. Но, на Егзит не е важно дали си странец или Србин. Тоа е „држава“ без граници.
Се разбира дека фестивалот е познат по својот социјален контекс. Тој е настан кој привлекува невладини организации и каде што се добредојдени организациите кои ја промовираат „филозофијата Егзит“ и прашањата како што се антирасизмот, антиксенофобијата, залагањето за патување без визи, како и слободното движење на луѓе. Оваа година комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, го посети фестивалот и доби шанса да ја види, како што многумина сметаат, „најубавата страна на Србија“.
Србите, пак, добија шанса да ја видат порелаксираната страна на Рен. Тој учестуваше на фудбалскиот натпревар во кампот на Егзит и изгуби од домашниот тим со 3:0.
Покрај Рен, дојдоа и српскиот претседател Борис Тадиќ, градоначалничката на Нови Сад, Маја Гојковиќ, и министерот за надворешни работи, Вук Драшковиќ.
Од групите што учествуваа, една од најпопуларните е групата Франц Фердинанд. Тие завладеаја со тврдината првата вечер, кога повеќе од 20.000 обожаватели викаа на секое нивно движење. Групата го носи името на австрискиот принц кој беше убиен во Сараево во 1914 година од страна на Гаврило Принцип, што беше поводот за Втората светска војна.
Од големиот број анегдоти од овогодинешниот фестивал, една од најзапамтените ќе биде онаа за легендарниот поранешен пејач на Смитс, Морисеј, кој заборави дел од своите текстови на песните за време на својот настап вториот ден. Но, публиката, не ги заборави.
„Конечно некој ги знае зборовите на моите песни!“, извика Морисеј. „Публиката на Егзит е вистинската!“
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's