ЕУЛЕКС се соочува со бројни пречки пред закажаното распоредување

05/06/2008

Мисија на ЕУ треба да ги преземе надлежностите на УНМИК на 15-ти јуни, но властите сега велат дека постои можност тоа да не биде реализирано според планираното.

Од Игор Јовановиќ за Southeast European Times во Белград – 05/06/08

photo

Шефот за безбедност на ОН, Хавиер Солана, во средата (4-ти јуни) рече дека „наскоро“ очекува напредок на мисијата на ЕУ. [Getty Images]

Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС), која треба да отпочне со работа на 1-ви јуни, можеби нема да го исполни својот сопствен план за распоредување, оставајќи ја мисијата на ОН на терен во новата независна држава.

Според претставниците на ЕУ, несогласувањата околу поделбата на надлежностите помеѓу ОН и ЕУЛЕКС би можеле да го одложат распоредувањето. ЕУЛЕКС чека овластување за преземање на полицијата и судството на земјата, но приговорите од земјите-членки на ЕУ што не ја признаа независноста на Косово, го блокираат истото, како што рече шефот за безбедност на ЕУ, Хавиер Солана.

Земјите сакаат јасен сигнал од генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, за тоа кои чекори да ги преземат во врска со Косово. Досега, само Шпанија излезе со свој став околу ова прашање. Шпанскиот министер за надворешни работи, Мигуел Ангел Моратинос, на состанокот на министрите на ЕУ во Словенија на 29-ти март, побара спроведување на меѓународното право за ова прашање.

Солана во средата рече дека „наскоро“ очекува напредок за мисијата на ЕУ. Ние сме во постојан контакт [со Бан] за да видиме што може да се стори и јас искрено се надевам дека во следните денови ќе поднесам извештај за напредок во тој правец“, рече тој.

На крајот од минатиот месец словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел рече дека Бан ќе се соочи со „сериозни укори“ ако ја прифати првичната идеја на ЕУ, ЕУЛЕКС веднаш да го замени УНМИК во цело Косово.

Планот на ЕУ беше да се испрати мисија составена од 2.200 припадници да ја надгледува полицијата и судството во Косово. Првичната идеја беше мисијата да започне со работа до 15-ти јуни, кога на сила ќе стапи новиот косовски устав. За разлика од ОН, чија мисија е распоредена од 1999 година, ЕУ има намера да пренесе поголем дел од своите надлежности на косовските институции, задржувајќи ја надлежноста над судскиот систем и полицијата.

Со цел решавање на проблемите, Солана и генералниот секратар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, се состанаа со Бан минатата недела, но не успеаја да постигнат договор.

„Она за што ние во НАТО сме заинтересирани е расчистување на улогите и надлежностите и осигурување дека оние кои треба да ги гарантираат мирот и стабилноста во Косово знаат која е нивната одговорност“, рече портпаролот на НАТО, Џејмс Апатураи.

Русија одби да го прифати распоредувањето на мисијата на ЕУ без одобрение на Советот за безбедност. Србија, исто така, се противи на распоредувањето на ЕУЛЕКС, барајќи мисијата најпрво да добие мандат од ОН.

Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ, вели дека Белград и косовските Срби „ја признаваат само мисијата на ОН“ и нема да соработуваат со ЕУЛЕКС.

„Целта на ЕУЛЕКС не може да биде легализирана во ОН, бидејќи целта е спроведување на независноста на Косово, додека целта на ОН е спроведување на суштинска автономија на Косово. Тоа се две различни цели што не може да се усогласат“, рече Самарџиќ.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading