Олимпијада: Црногорските „Црвени ајкули“ го вкусија поразот

22/08/2008

Унгарија ги порази европскиот шампион Црна Гора во полуфиналето во ватерполо и Србија изгуби од Соединетите Држави со 10:5.
photo

Голманот Здравко Радиќ од Црна Гора се обидува да блокира удар во полуфиналниот ватерполо натпревар против Унгарија во базенот Јингдонг во петокот (22-ри август). [Getty Images]

Црногорскиот машки ватерполо тим беше поразен од Унгарија во полуфиналето во петокот (22-ри август). Финалниот резултат беше 11:9 (3-4, 3-3, 3-0, 2-2). Никола Јановиќ, Вељко Ускоковиќ и Владимир Гојковиќ постигнаа по два гола, додека Александар Ивовиќ, Борис Злоковица и Предраг Јоциќ постигнаа по еден гол.

***

Србијa изгуби од Соединетите Држави во својот полуфинален ватерполо натпревар за мажи во петокот. Тројца српски играчки постигнаа гол -- Душко Пијетловиќ и Владимир Вујасиновиќ по два, а Александар Сапиќ еден. Натпреварот беше тесен, но Соединетите Држави водеа во втората и третата четвртина и ги оставија Србите далеку зад себе во четвртата.

***

Грција победи на полуфиналниот натпревар со Германија во ватерполо за мажи. Јоргос Тоскас постигна шест гола, а тимот победи со 13:9 (3-3, 3-1, 4-2, 3-3). Грција в недела ќе се соочи со Австрија за седмото место на турнирот.

***

Tурчинката Aзизе Танрикулу освои сребрен медал во таеквондо за жени до 57 килограми во четвртокот (21-ви август). Златото отиде во рацете на Кореанката Сујеонг Лим, која ја победи Танкрикулу со конечен резултат 1:0. Во меѓувреме, Сервет Тазегул заработи бронза во категоријата до 68 килограми за мажи, поразувајќи го Питер Лопез од Перу. Турција сега има седум медали на Игрите во Пекинг.

***

Франција ја порази Хрватскa во полуфиналниот ракометен натпревар за мажи во петокот (22-ри август). Резултатот беше 25:23. Најмногу голови за хрватската страна постигнаа Златко Хорват и Горан Спрем, со по пет гола. Во ракомет за жени, Франција ја порази Романија со 36:34 во рундата за 5-8 позиција.

***

Кајакарот Стјепан Јаниќ од Хрватска беше седми во финалниот натпревар за мажи на 1.000 метри. Златото отиде во рацете на Тим Брабантс од Велика Британија. Во меѓувреме, романскиот кајакар Флорин Мирониќ заврши на шестото место во финалето на 1.000 метри.

***

Елисавет Мистакиду од Грција успеа да влезе во женскиот круг од 16 во таеквондо, во категоријата до 67 килограми. Потоа таа загуби од Асунсион Окасио Родригез од Пуерто Рико со 1:0. Во истата категорија, Tурчинката Сибел Гулер изгуби од Ванина Паола Санчез Перон од Аргентина со 4:0. Нејзината сонародничка Бахри Танрикулу изгуби од Стивен Лопез од Соединетите Држави со 3:0 во таеквондо за мажи до 80 килограми.

***

Во фрлање копје за мажи, Гркот Јоанис Јеориос Смалиос заврши на 13-тото место и не успеа да излезе од квалификацискиот круг. Тој го фрли копјето на 71,87 метри. Друг регионален натпреварувач, <b>Бугаринот</b> Нешев Кољо, беше 18-ти во обидот за 66,0 метри. Во финалето во троскок за мажи Бугаринот Момчил Каралиев беше 11-ти со скок од 16,8 метри.

***

Гркинката Aтанасија Цумелека се натпреваруваше во категоријата брзо одење за жени на 20 километри, и заврши на деветтото место со резултат 1:27:54. Победник беше Олга Канискина од Русија. Таа го заврши натпреварот со 1:26:31. Во меѓувреме, Констандина Ефедаки трчаше во 1.500 метри за жени, но заврши на 10-тото место во првиот преднатпревар и не отиде напред.

***

Во пинг-понг за мажи Калиникос Креанга од Грција успеа да ја помине третата рунда од натпреварот за поединци. Тој изгуби во четвртата рунда од Ма Лин од Кина (4:0).

***

Романската фрлачка на копје Фелицеа Молдован-Тилеа успеа да влезе во финалето од женските натпревари, каде што заврши на 12-тото место. Таа го фрли копјето на 53,04 метри.

***

Србинот Ненад Филиповиќ се пласираше на 30-тото место во брзо одење за мажи на 50 километри, со време 4:02:16. Златото отиде во рацете на Алекс Швазер од Италија (3:37:09).

(Разни извори – 22/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading