Наградите и актерот Кевин Спејси го затворија 14-тиот Сараевски филмски фестивал

26/08/2008

Четиринаесеттото издание на Сараевскиот филмски фестивал заврши во саботата со церемонијата на доделување награди и прикажувањето на американскиот филм „Вообичаени осомничени“.

Од Енвеса Хоџиќ-Ковач за Southeast European Times во Сараево -- 26/08/08

photo

Холивудскиот актер добитник на Оскар и филмски режисер Кевин Спејси дава автограми на Сараевскиот филмски фестивал. [Getty Images]

Заедничката продукција на Хрватска и Босна и Херцеговина „Бјуик ривиера“ ја освои наградата за најдобар филм и наградата ФИПРЕСЦИ (Меѓународна федерација на филмски критичари) на 14-тиот Сараевски филмски фестивал (СФФ). Горан Русиновиќ, Хрват, го режираше филмот, по книга на сараевчанецот Миљенко Јерговиќ. Актерите Леон Луцев и Славко Стимац, кои играат во филмот, ја поделија наградата за најдобар актер.

СФФ, кој беше отворен на 15-ти август, беше затворен со проекцијата во саботата (23-ти август) на „Вообичаени осомничени“, во кој игра американскиот актер Кевин Спејси, кој присуствуваше на фестивалот.

Сараево, кој стана „динамичен град кој никогаш не спие“, беше домаќин на 100.000 посетители за време на деветте дена од фестивалот. Тој понуди и придружни настани, концерти и претстави покрај 20 филмски проекции на ден. Преку 1.300 акредитирани гости и 650 новинари присуствуваа на фестивалот.

Други забележителни филмови на СФФ беа австрискиот филм „Март“ во режија на Хендл Клаус, кој ја освои специјалната награда на жирито. Турската актерка Ајча Дамгаџи ја освои наградата за најдобра актерка за „Мојот Марлон и Брандо“, во режија на турскиот режисер Хусеин Карабеј.

Во натпреварувачката програма (краткометражни филмови), босанскиот анимиран филм „Толеранција“, во режија на Иван Рамадан, ја освои наградата за најдобар краткометражен филм и наградата Прис/УИП. Филмот сега ќе се натпреварува за престижната награда за најдобар краткометражен филм на Европската филмска академија за 2008 година. Специјално признание на жирито доби краткометражниот филм „Будење“ (БиХ) и „Знам“ (Словенија/Унгарија), додека специјалното почесно признание го доби „Ерго“ (Унгарија).

Наградата за најдобар документарен филм ја доби „Коридор 8“ (Бугарија), во режија на Борис Деспотов, додека документарниот филм „Развод на албански начин“ (Бугарија) ја освои наградата за човекови права, а „Прекрасни самовили“ (Србија) освои специјално признание.

Британската продуцентка Кет Вилерс доби специјална награда за нејзиниот „извонреден придонес за филмот и поддршката за“ СФФ.

Унгарскиот филм „Делта“ ја освои наградата ЦИЦАЕ (Меѓународната конфедерација на уметнички кина), со што доби право на специјалната помош на ЦИЦАЕ за дистрибуција и проекции низ мрежата на 3.000 кина. Хрватскиот режисер Горан Девиќ ја освои наградата за талент ЕДН за неговиот документарен филм „Три“ и босанскиот режисер Фарук Шабановиќ доби стипендија од фондацијата „Кетрин Картлиџ“ за „Птици како нас“ -- првиот босански долгометражен анимиран филм.

Конечно, со просечна оценка 4,78 „Обични осомничени“ ја освои наградата за најдобар филм, победувајќи го босанскиот документарен филм „Трагач“ за 0,02 поени.

Режисерот на фестивалот Мирсад Пуриватра ја освои the Chevalier de l'ordre des arts et des lettres, една од највисоките француски награди за извонреден придонес во ширењето на француската култура или промовирањето на светското културно наследство.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading