Во Хрватска, бирајте 112 за итни случаи

28/08/2008

Заменувајќи го стариот систем на одделни повикувачки центри и многу броеви, Хрватска сега има еден број за повик кога е потребна брза помош.

Од Наташа Радиќ за Southeast European Times во Загреб -- 28/08/08

photo

Нуркањето е најопасниот летен спорт во Хрватска. Властите го охрабруваат бирањето на бројот 112 во итни случаи. [Getty Images]

Во итни случаи, телефонскиот повик може да значи живот или смрт, и последна работа што ви треба е да го барате вистинскиот број. Во минатото Хрватите мораа да меморираат три одделни броеви -- 92 за полиција, 93 за противпожарна бригада и 94 за брза помош -- и беше лесно тие да се измешаат.

Но, ситуацијата се промени. Оваа година властите го воведоа 112 како единствен број што ги покрива сите итни служби и исто така воспоставија централизиран центар за јавување во итни ситуации. Со бирање на 112, јавноста може да се обиде да ја добие која било спасувачка служба -- брза помош, пожарникари, планински спасувачи, дури и ветеринари.

Поврзани написи

Loading

За првпат отворена во Сплит пред една година на пилот-основа, службата сега се прошири низ целата земја. Со нејзиното прифаќање, Хрватска направи уште еден чекор кон исполнувањето на стандардите на ЕУ, бидејќи 112 е официјален број за итни случаи на блокот. Сите земји-членки мора да го имаат овој број, и Европската комисија го следи тоа.

Информацијата кои бројки треба да се бираат е основна не само за жителите, туку и за туристите. Голем број посетители пристигнуваат секоја година, и секогаш има инциденти. Во јули, на пример, двајца млади нуркачи -- Чех и Словенец -- смртно настрадаа преценувајќи си го нуркачкиот капацитет. Истиот месец двајца младичи починаа од срцев удар во туристичко место во Далмација, и еден сурфер се удави неколку дена претходно. Оние што пешачат за да ги испитаат чудесните хрватски пејзажи понекогаш се губат или се изложуваат на опасен терен.

За среќа, повеќето од несреќите што го доживеале посетителите не биле толку страшни. Потипични проблеми се: да се изгуби член на семејството или пријател, да се биде ограбен или да се биде во опасна ситуација како што е истекнување на гас или загадена вода. Но, дури и во помалку сериозни случаи, основно е да се викне вистинската помош.

Властите се обидуваат да ги алармираат посетителите за службата 112 преку јавни кампањи. Тие дистрибуираат постери и брошури во хотелите, одморалиштата, бунгаловите и приватните соби на издавање. „Во случај да забележите нешто чудно или нешто ви недостасува, ве молиме веднаш да реагирате“, велат тие.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Гласаj

Loading

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

Која социјална мрежна алатка ја користите најчесто?

Facebook
Poznanici
Hi5
Ibox
Друго



Види ги резултатите Додадете коментар (16)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's