03/10/2008
Српската законска регулатива со која се дозволува извоз на стока без даноци -- вклучително и гориво -- во Косово, за косовските Срби стана дупка во законот за шверцерите.
Од Беса Беќири за Southeast European Times во Приштина – 03/10/08
![]() Шверцуваниот гас се продава за 30 до 40 евроценти за литар помалку. [Архива] |
Полицијата знае за шверцувањето гориво во северно Косово, изјави портпаролот на Косовската полициска служба (КПС), Бесим Хоти. Српските и албанските криминални кругови соработуваат во развивањето на овој рекет, кој е многу профитабилен низ целата земја, не само во деловите каде што претежно живеат косовски Срби.
„Има многу проблеми ... двата царински пункта во Лепосавиќ, Порта 1, и Зубин Поток, Порта 31, не функционираат. Горивото се носи од Србија за Косово врз основа на српската регулатива која дозволува стоката, вклучително и горивото, да се носи во Косово за косовските Срби без данок“, рече Хоти.
Полицијата вели дека шверцерите ја користат регулативата за да носат гориво, кое го продаваат за 30 до 40 евроценти за литар помалку од регуларната цена на Косово и Србија. „Горивото може да се купи во северна Митровица, каде што Србите отворија некои бензински пумпи“, рече Хоти. И Албанците што бараат пониска цена полнат гориво таму. „Поевтино е, тоа е сé“, изјави за Southeast European Times анонимен таксист.
Полицајците во регионот на Митровица велат дека нивна единствена расположива стратегија е да ги обвинат или за нерегуларен транспорт на стока или за шверц ако возачите не можат да дадат документација за потеклото на стоката. Во вториот случај, тие ги испраќаат возачите и камионите на царинските пунктови, каде што царинските службениците подигаат обвинение за шверц.
Сепак, таа опција не е лесно да се спроведе. Царинските погранични контроли во Лепосавиќ и Зубин Поток претрпеа целосно уништување или тешка штета од српските групи само неколку дена откако Приштина прогласи независност во февруари.
Претставникот на КПС Ветон Елшани призна дека полицијата не го знае со сигурност нивото на шверц на север. Сé што КПС може да стори, рече тој, е да се обиде да го блокира во северниот дел од Митровица.
Полицијата започна да воспоставува логистика за справување со шверцери веднаш по прогласувањето независност на 17-ти февруари. Поставувањето безбедносни камери на граничните пунктови е меѓу главните приоритети. „Камерите се поставени за целокупната работа на полицијата, вклучително и шверцот“, рече Елшани, истакнувајќи дека процесот на нивно поправање на северната граница ќе продолжи.
Претставник на ОН за Фајненшал тајмс неодамна изјави дека „единствен начин да се врати персоналот на пунктовите е со сила, а тоа нема да биде одржливо ако не се согласат Србите“.
Командантот на ЕУЛЕКС, Ив де Кермабон, за весникот изјави дека Србија ќе профитира од „една многу јасна правна рамка“ за пограничната контрола. „„Сакам да бидам повеќе прагматичен отколку политичен“, рече тој.