09/10/2008
ММФ предвиде голем пад на светската економија во мрачниот извештај од средата, но „ризикот да се случи Голема депресијација е скоро нула“, додаде неговиот главен економист.
(ВСЈ, Тајмс, Гардијан - 09/10/08; ММФ, Ројтерс, АП, АФП, ФТ, ББС, ВОА, Дневник - 08/10/08)
![]() Тргувањето на Букурешката берза беше прекинато во средата (8-ми октомври), по повеќе од 10-те отсто загуба предизвикани од глобалната финансиска криза. [Габриел Петреску] |
Актуелната финансиска криза и сé уште високите енергетски и сместувачки цени, ќе доведат до пад на економскиот раст на светско ниво, втурнувајќи многу напредни економии во рецесија, предвиде ММФ во извештајот од средата (8-ми октомври).
„Светската економија сега влегува во голем пад, поради најопасниот шок на зрелите финансиски пазари од 1930-тите досега“, се вели во последниот Преглед на светската економија (ВЕО) на меѓународната финансиска институција од 185 члена.
Ревидирајќи ги своите јулски предвидувања за глобален економски раст од 4,1 отсто во 2008 година, ММФ сега очекува светската економија да се проширува со темпо од 3,9 отсто оваа година, а потоа од 3 отсто во 2009 година, најниско ниво од 2002 година. Глобалниот економски раст од 3 отсто или помалку некои економисти сметаат дека е еднаков на глобална рецесија, се истакнува во извештајот.
Дури и ако американските и европските власти успеат да ги стабилизираат економските услови и да спречат понатамошни шокови, глобалните стапки на раст не се очекува да се вратат во нормала до 2010 година, додава ММФ.
„Во напредните земји, кризата сега ја води надолната спирала на губење на довербата и вербата“, рече главниот економист на ММФ Оливер Бланчард. Последиците од ова се шират до потрошувачите и бизнисите, предупреди тој.
Американската економија се очекува да се прошири 1,6 отсто оваа година и само 0,1 отсто во 2009 година.
Влошените финансиски услови во Западна Европа ќе имаат негативно влијание врз стапките на раст и таму, според ВЕО.
ММФ очекува економскиот раст во зоната од 15 земји на еврото да доживее голем пад до 1,3 отсто во 2008 година, а потоа на само 0,2 отсто следната година, при што две од овие земји, најверојатно, ќе доживеат скратувања во текот на едната или двете години -- Италија и Шпанија.
Иако економиите на Југоисточна Европа сé уште уживаат во „добрите времиња“, тие мора да преземат дејства за да ги стават под контрола растечките надворешни и внатрешни дебаланси, вели Фондот.
„Особено порастот на јавните трошоци мора да биде ставен под контрола, со тоа зголемувањата на платите ќе бидат во согласност со растот на производството и ќе се намали обемот на власта“, се вели во ВЕО. „Одржувањето на мудрите стандарди ... е клучно за спречување на заслабнувањето на кредитни стандарди“, се додава во истиот.