Ископувањата за босанската Долина на пирамидите продолжија и покрај потсмевањата

09/10/2008

Независниот истражувач и самопрогласен археолог Семир Османагиќ е убеден дека планината Височица, во близина на босанскиот град Високо, крие монументална пирамида.

Од Јусуф Рамадановиќ за Southeast European Times во Сараево -- 09/10/08

photo

Босанскиот пирамидолог Семир Османагиќ (во средината) покажува кон една од локацииите каде што неговиот тим ги откри камени плочи, во близина на планината Височица. [Getty Images]

Недалеку од главниот град на Босна и Херцеговина (БиХ) се наоѓа градот Високо. Секој жител, запрашан да каже која е главната локална атракција, ќе одговори „Тоа е босанската Долина на пирамидите“.

Независниот истражувач Семир Османагиќ, кој нема официјална обука, започна со ископувањата пред три години. Неговата работа е поддржана од целосно развиената фондација наречена Археолошки парк на босанската пирамида на Сонцето. Османагиќ продолжува со работата и покрај исмејувањето од скоро сите новинари и научници во БиХ кога тврдеше дека планината Височица е всушност античка пирамида, поголема и многу постара од Кеопсовата во Египет.

Според Османагиќ, има три пирамиди, меѓусебно поврзани преку тунели. Тој ги нарече Босанска пирамида на Сонцето, Пирамида на Месечината и Пирамида на Змејот. Во веќе третата сезона на ископувањата, областа опфаќа преку 20 квадратни километри. Поминаа 300.000 часови ископување и бројни лабораториски тестови.

Османагиќ вели дека трите пирамиди формираат рамностран триаголник, при што секоја страна е долга 2,1 километар.

Тој додава дека мрежата на подземни тунели постои под целата долина Високо и дека ова е само почеток на неколкудецениското истражување, во кое тој ќе докаже дека Босна и колепката на цивилизацијата.

Сепак, академската заедница во БиХ го исмејува неговите напори како работа на шарлатан. Археологот од Универзитетот во Сараево Енвер Имамовиќ ги спореди ископувањата на Османагиќ со „дозволете ми ... да извршам операција“. Научниците стравуваат дека тековните ископувања може да ги оштетат средновековните, римски и илирски реликвии на планината.

Одговорот на Османагиќ беше организирањето на Првата меѓународна научна конференција за босанската Долина на пирамидите, која траеше од 25-ти до 30-ти август во Сараево. Меѓу учесниците беа 19 водечки египетски археолози, геолози и египтолози, двајца руски академици и британскиот истражувач на пирамиди Филип Копен. Учесниците на конференцијата решија да се состанат повторно за две години и да формираат истражувачки институт во Сараево.

Со добивањето на ваквата поддршка Османагиќ има за цел да добие меѓународен кредибилитет, со што ќе ги замолчи босанските скептици.

Исто така, според Османагиќ, „освен камените пирамиди во Високо, врз основа на сателитски снимки, ние откривме дека вакви и слични пирамиди постојат и на неколку други локации во БиХ“. Според Османагиќ, човештвото ќе мора сосема да го промени својот концепт за минатото.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading