Рен донесе 122 милиони евра помош за Косово

10/10/2008

Во знак на поддршка по дипломатскиот пораз на Косово во ОН, Оли Рен, комесарот на ЕУ за проширување, й додели 122 милиони евра помош на новата држава.

Од Влерта Фониќи-Кабаши за Southeast European Times во Приштина – 10/10/08

photo

Косовскиот премиер Хашим Тачи (лево) и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен (во средината), даваат изјава за новинарите во четвртокот (9-ти октомври). [Лаура Хасани]

Премиерот Хашим Тачи и шефот на канцеларијата за врски на ЕУ, Рензо Давиди, во четвртокот (9-ти октомври) потпишаа договор во Приштина за предчленска помош за Косово, со кој й се доделуваат 122 милиони евра на новата држава за оваа година. Присутен на потпишувањето беше комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен. ЕУ ја вети помошта на донаторската конференција на Косово во јули.

На почетокот од церемонијата, Рен рече дека дошол во Косово да ја искаже поддршката на ЕУ за интеграцијата на Косово.

Тачи и Давиди го потпишаа пактот еден ден откако Генералното собрание на ОН гласаше за српската резолуција со која се бара од Меѓународниот суд на правдата да ја разгледа легитимноста на косовската декларација за независност од 17-ти февруари.

„Со повеќе од 120 милиони евра ... ЕУ му помага на Косово да изгради стабилно и мирно мултиетничко општество засновано на владеењето на правото“, рече Рен. Тој рече дека партите се „јасен сигнал за нашата грижа“, но повика на „стабилно економско управување“ со истите.

Според него, донацијата на ЕУ ќе помогне за социјалниот и економскиот напредок на Косово.

Високиот претставник на ЕУ во Косово, Питер Фејт, се согласи, велејќи дека парите ќе бидат драгоцена помош за напредокот на Косово кон членството во ЕУ.

Рен имаше одделни состаноци со Тачи, претседателот Фатмир Сејдиу, претседателот на парламентот Јакуп Красниќи и други водачи на косовскиот парламент.

Тачи рече дека е почестен што го потпиша договорот. „Педесет и шест отсто од оваа сума ќе оди за економските прашања, 26 отсто за политичките прашања, 8 отсто за парламентот и 9 отсто за другите работи“, рече тој.

За 2009 година ЕУ вети 66 милиони евра за Косово, додека за 2010 година, вети 67,3 милиони евра.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading