Косовски заменик-министер разрешен по вжештената парламентарна расправа

01/07/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Премиерот Хашим Тачи во понеделникот (30-ти јуни) го разреши заменик-министерот за индустрија и трговија, Насер Османи, велејќи дека уставот му дозволува да ги смени членовите на владата без одобрение од парламентот. Одлуката уследи по вжештената расправа во парламентот помеѓу Османи и министерот за транспорт и телекомуникации, Фатмир Лимај, заменик-претседател на Демократската партија на Тачи, во врска со Косовската управа за надзор на јавните набавки. Конкретно, Османи тврдеше дека Лимај нема право да говори во име на владата. Расправата тргна во погрешна насока и заврши со взаемни навреди. Лимај и Османи се членови на двете најголеми партии во косовската коалициска влада. Демократската лига на Косово на Османи одби да коментира. (Косовалајв, Ксинхуа, Фокус - 30/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading