Црвениот крст вели дека 17.000 луѓе и понатаму се исчезнати по конфликтите во поранешна Југославија

31/08/2008

ЖЕНЕВА, Швајцарија -- Седумнаесет години откако започна распадот на поранешна Југославија, околу 17.000 луѓе сé уште се водат за исчезнати, објави Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) во саботата (30-ти август), на Меѓународниот ден на исчезнатите. Организацијата ги повика властите во Западен Балкан да го забрзаат процесот на утврдување на судбината на оние кои исчезнаа во вооружените конфликти во 1990-тите. Според ИЦРЦ, бројот на исчезнати во БиХ е 12.817. Во Хрватска оваа бројка е 2.374, додека во Косово бројот на луѓето чија судбина останува неразјаснета е 2.000.

Проценките на Институтот за исчезнати лица во Босна и Херцеговина се поголеми. Истиот оценува дека околу 30.000 луѓе исчезнале за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Остатоците на околу 17.000 луѓе се пронајдени досега, но судбината на други 13.000 е сé уште нејасна. (Taнјуг, Б92 - 30/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading