04/09/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Пратениците во средата (3-ти септември) продолжија со нормалната работа, со расправата за ратификувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ. Потпишан во април, неговата ратификација беше блокирана поради несогласувањето во парламент. Парламентарните седници беа прекинати во јули, по неколкудневните опструкции од страна на опозициските Српска радикална партија (СРС) и Демократската партија на Србија.
По летниот прекин со работата, СРС конечно се согласи да ја следи првичната агенда. Ратификувањето на ДСА претствува прв чекор што земјата мора да го направи за да може да добие кандидатски статус во ЕУ. (Б92, Бета, Танјуг - 03/09/08)