УНМИК се враќа во судовите во Митровица

23/09/2008

ПРИШТИНА, Косово -- УНМИК ја презема контролата на општинските и окружните судови во северниот дел од Митровица, во кој доминира српското население. Портпаролот на УНМИК, Александар Иванко, во понеделникот (22-ри септември) рече дека судовите ќе продолжат со работата на 3-ти октомври, и првично во нив ќе работат меѓународни судии и обвинители. Иванко додаде дека полицијата на УНМИК ќе биде распоредена внатре во зградата и околу неа. Исто така, ќе бидат распоредени и војници на КФОР, но во помала бројка. На 17-ти март полицијата на УНМИК изврши упад во зградата, која ја окупираа поранешните српски вработени, барајќи да им се дозволи враќање на работните места. Во судирите што следеа еден украински полицаец загина, а 64 полицајци на УНМИК беа повредени. Дваесеттина војници на КФОР и неколку српски демонстранти беа, исто така, повредени. (Коха Диторе, Зери, Експрес - 23/09/08; Aлсат, РТК, Танјуг, Б92 - 22/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading