24/09/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Полициската и судската мисија на ЕУ, ЕУЛЕКС, наскоро ќе биде распоредена во северно Косово и ќе биде активна низ целата земја до крајот на годинава, изјави во вторникот (23-ти септември) заменик шефот на ЕУЛЕКС, Рој Рив. Тој додаде дека мисијата воспостави добра соработка со својот претходник, УНМИК, и ќе работи со полицискиот, судскиот и царинскиот сектор.
Во другите вести, десет набљудувачи од косовската Централна изборна комисија ќе ги следат локалните избори на 5-ти октомври во Босна и Херцеговина (БиХ). Сараевската изборна комисија испрати покана до Приштина во мај. Властите во Република Српска се противат на овој чекор, бидејќи БиХ не го призна Косово.
Исто така во вторникот, министерот за враќања и заедници, Бобан Станковиќ, поднесе оставка од позицијата во косовската влада, поради лични причини. Тој беше еден од двајцата српски министри во владата. Премиерот Хашим Тачи назначи друг Србин, Саша Рашиќ, на неговото место. (Лајм, Експрес, Коха Диторе, Зери - 24/09/08; Кохавижн, АП, РТК - 23/09/08)