02/10/2008
AНКАРА, Турција -- Членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) отворија оган врз безбедносните сили во вторникот (30-ти септември) во округот Хани на југоисточната провинција Дијарбакир. На својата веб-страница во средата турскиот Генералштаб објави дека во борбите загинал еден војник, а друг бил повреден. Не се објавени други детали.
Во другите вести, новата година на турскиот законодавен дом официјално започна во средата, по два и пол месеци летна пауза. Следната недела набљудувачите очекуваат пратениците да гласаат за предлогот за проширување на надлежноста на армијата за спроведување прекугранични операции во северен Ирак за уште една година. Сегашниот мандат истекува на 17-ти октомври. (СНН Турк, НТВ, новинска агенција Анадолу, Хуријет - 01/10/08)