Хашкото обвинителство ќе го испитува наводното користење на органи во Албанија

03/10/2008

ТИРАНА, Албанија -- Делегација на обвинители од Трибуналот на ОН за воени злосторства се очекува да ја посети Албанија набргу откако ќе ги испита наводите дека стотици заробени Срби и Роми биле убиени заради нивните органи, објавија медиумите во четвртокот (2-ри октомври). Поранешната главна обвинителка на ОН за воени злосторства, Карла дел Понте, ги изнесе обвинувањата во нејзината книга „Лов“. Таа вели дека убиствата и отстранувањето органи се случиле за време на косовскиот конфликт во северното албанско село Гур. Хашкиот трибунал вели дека Советот на Европа веќе формирал комитет и истражен тим, кои ќе го испитуваат случајот. Министерот за надворешни работи, Лулзим Баша, инсистира на тоа дека тврдењата се „неосновани“. (МИА, МИНА, А1, Топ ченал - 02/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading