03/10/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Државните службеници во четвртокот (2-ри октомври) се заканија дека ќе започнат масовен штрајк следната недела ако не добијат покачување на платите од 50 отсто, како што доби персоналот во образовниот систем. „Бидејќи наставниците добија покачување на платите од 50 отсто, ние нема да се помириме со ништо помалку од тоа“, рече Василе Марица, претседател на Федерацијата на синдикатите на државните службеници. „Ние не ги испитавме финансиските последици од масовниот штрајк, но се плашам дека Романија би можела да западне во хаос“, предупреди Марица. Романските пратеници го одобрија зголемувањето на платите за вработените во образованието во вторникот. (Meдиафакс, Агерпрес, Зиаре - 02/10/08)