05/10/2008
ХАГ, Холандија -- Началникот на Генералштабот на Југословенската народна армија (ЈНА) Момчило Перишиќ во петокот (3-ти октомври) се изјасни невин по обвиненијата дека не ги спречил или не ги казнил злосторствата извршени од страна на своите подредени за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Перишиќ е поранешен офицер на ЈНА со највисок ранг на кого му суди Трибуналот на ОН за воени злосторства, за злосторствата што ги извршил за време на тој конфликт. Тој, наводно, дозволил убиства и прогон и напади врз цивили во Хрватска и Босна.
Во другите вести од петокот, полицијата во Босна и Херцеговина (БиХ) го уапси поранешниот бошњачки воен командант Насер Ориќ, кој беше ослободен од страна на Трибуналот на ОН во јули. Тој и локалниот бизнисмен Дамир Фазлиќ беа уапсени во Сараево под сомневање за рекет. Фазлиќ претходно беше сослушан во врска со убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ. (Ројтерс, веб-страница на МКТЈ, Б92, Емпортал, Блиц, Бета, АП - 03/10/08)