УНМИК повторно го отвори судот во Косовска Митровица

05/10/2008

ПРИШТИНА, Косово -- УНМИК во петокот (3-ти октомври) повторно го отвори својот суд во Косовска Митровица, затворен од судирите помеѓу Србите и меѓународните безбедносни сили во март. „Ние повторно го отвораме судот во Митровица и сега сé повеќе и повеќе луѓе се враќаат на своите работни места“, рече портпаролот на УНМИК, Георги Какук, во петокот. Тој додаде дека судот ќе започне со целосна работа од понеделник. (AФП, АП, веб-страница на ОН, Ројтерс, Б92 - 03/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading