05/10/2008
БЕРЛИН, Германија -- Српскиот претседател Борис Тадиќ во петокот (3-ти октомври) за германскиот весник „Билд“ изјави дека е убеден оти Србија ќе ги исполни критериумите за членство во ЕУ до 2012 година. Тој вети дека земјата ќе ги исполни своите обврски кон Трибуналот во Хаг за воени злосторства и потсети дека досега таа предаде над 44 обвинети за воени злосторства, вклучително и двајца поранешни претседатели. Во петокот Тадиќ ја доби престижната награда на германската Квадрига за „визија, храброст, одговорност и ангажираност, кои го прават светот подобро место за живеење“. Тој се состана со германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот. (Данас, Б92 - 04/10/08; Taнјуг, Билд, Блиц - 03/10/08)