08/10/2008
ЊУЈОРК, САД -- Грција во вторникот (7-ми октомври) уште еднаш го отфрли решението со двојно име во спорот околу името со Македонија. Новиот предлог на специјалниот претставник Метју Нимиц ќе биде „мртвороден“ ако Македонија инсистира на двојната формула, рече грчкиот претставник Адамантиос Василакис по состанокот со Нимиц во Њујорк. Подоцна Нимиц се состана со македонскиот претставник Никола Димитров, кој рече дека Македонија очекува претставникот на ОН да направи „конкретен чекор“ во среда, за кога е закажан заеднички состанок со преговарачите на двете земји. (MРТ, Макфакс, Вечер, ВОА, А1, Катимерини, ЕРТ - 08/10/08)