Осомничен поддржувач на Ал каеда уапсен во БиХ

08/10/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Властите го уапсија Сириецот Имад ал Хусини, ака Абу Хамза, во понеделникот (6-ти октомври) и го однесоа во имиграционен центар, објави Министерството за безбедност во вторникот. Хамза, поранешен муџахедински водач кој живее во Сараево, се бореше на муслиманска страна за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година и доби босанско државјанство. Но, властите на БиХ му го одзедоа пасошот по процедурите на проверка на босанските државјанство во 2007 година, кои покажаа дека тој нелегално го добил документот. (Бета, РТРС, ФоНет, АКИ - 07/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading