08/10/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Портпаролката на комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен, Кристина Наѓи, во вторникот (7-ми октомври) го жалењето на Европската комисија (ЕК) во врска со убиството на Ивана Ходак, ќерката на адвокатот на пензионираниот генерал Владимир Загорец. Вооружен напаѓач ја уби Ходак во Загреб во понеделникот на сред бел ден. Исто така во вторникот, ЕК ја повика хрватската влада да ги преземе сите непходни мерки за борба против криминалот. Таа, исто така, ја поздрави реконструкцијата на владата по убиството, вклучително и разрешувањето на министерката за правда, Ана Ловрин, и министерот за внатрешни работи, Берислав Рончевиќ.
Повеќе од 1.000 луѓе, вклучително и истакнати јавни личности, се собраа на главниот плоштад во Загреб во вторникот, на спонтан протест против насилството на мафијата. Учесниците држеа свеќи и бели цвеќиња со спомен на младата жена. (Вечерњи лист, ХРТ, МИA - 07/10/08)