Таричеану го замени министерот за образование

08/10/2008

БУКУРЕШТ, Романијa -- Премиерот Калин Таричеану во вторникот (7-ми октомври) го отпушти министерот за образование Кристијан Адомнитеи и го замени со Антон Антон, шеф на Националната управа за научни истражувања. Адомнитеи гласаше за мерката со која им се дава на наставниците 50 отсто зголемување на платите, кои од друга страна ги поттикнаа барањата на другите државни службеници за еднакво зголемување, а во спротивно се заканија со целосен штрајк.

Исто така во вторникот, Таричеану ги покани претставниците на четирите конфедерации на синдикатите на земјата на разговори околу прашањето на покачување на платите в петок. Повеќе од 10.000 работници и членови на синдикатите маршираа околу парламентот во вторниот, барајќи повисоки плати и подобри работни услови. (Eвениментул Зилеи, Адеварул, Гандул, Котидианул, Зиуа - 08/10/08; Медиафакс, Агерпрес, Реалитатеа ТВ, АП, Зиаре - 07/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading