08/10/2008
TИРАНА, Албанија -- Двете најголеми политички партии во Албанија -- владејачката Демократска партија (ДП) и опозициската Социјалистичка партија (СП) -- во вторникот (7-ми октомври) ги продолжија разговорите за предложените реформи на изборниот законик на земјата. Претставниците на двете партии го испитаа предлогот на невладината Група 99, да им се дадат гласачки права на имигрантите на следните избори. Невладината организација истакна дека имигрантите претставуваат една третина од албанското население и учествуваат со околу една милијарда евра во годишните приходи на земјата. (Коха ТВ, Алсат, Клан, Топ ченал - 07/10/08)