Србија пресече мрежа што им помагаше на обвинетите за воени злосторства

09/10/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Властите започнаа да со растурањето на мрежата луѓе кои им помагаа на главните осомничени за воени злосторства, поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ и неговиот сојузник Стојан Шупљанин, додека беа во бегство, објави во средата (8-ми октомври) Бруно Векариќ, портпаролот на српското обвинителство за воени злосторства. „Уапсивме и започнавме со сослушување на неколку лица осомничени дека биле членови на мрежата“, рече Векариќ, додавајќи дека под истрага за 30 лица. Мрежата вклучува неколку поранешни високи функционери на локалната власт, кои биле на власт до изборите во мај, како и полицајци и еден универзитетски професор. „Се надеваме дека [сослушувањето] ќе не донесе до системот кој го крие [поранешниот командант на босанските Срби] Ратко Младиќ“, рече Векариќ. (РТС, Танјуг, Бета, Б92, АФП, АП - 08/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading