Предлог-законот на романскиот сенат за назначувањата обвинители, прогласен за неуставен

09/10/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Уставниот суд во средата (8-ми октомври) го прогласи амандманот на законот за именување обвинители, усвоен од страна на сенатот во септември, за неуставен. Судот објасна дека усвојувањето на амандманот ги крши уставните одредби во врска со парламентарните процедури. Одлуката на судот е конечна и обврзувачка. Усвоениот амандман му ги одзема на претседателот ингеренциите за назначување на главниот обвинител во Антикорупциското обвинителство, Одделот за истраги за организиран кримимал и тероризам и Обвинителството на Високиот суд на правдата. Со изменетиот закон Врховниот судски совет би бил задолжен за овие номинации. (Meдиафакс, Агерпрес, Зиаре - 09/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading