Администраторот на УНМИК го оспори мандатот на ЕУЛЕКС да работи во северно Косово

09/10/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Регионалниот администратор на УНМИК за Митровица, Герард Галучи, во средата (8-ми октомври) рече дека мисијата ЕУЛЕКС нема мандат да работи во областите на северно Косово, со претежно српско население. Галучи истакна дека косовските Срби и властите во Белград се спротивставуваат на планираното распоредување на ЕУЛЕКС на север.

Исто така во средата, вицепремиерот Хајредин Куци, објави дека владата ќе им понуди на косовските полицајци покачување на платата во ноември. Куци рече дека се состанал со претставници на полициските синдикатите, кои го увериле дека ќе го откажат претходно планираниот протест. (Коха Диторе, Зери, РТК, Кохавижн - 09/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading