Aлбанија испитува босански бизнисмен во врска со финансиските активности

09/10/2008

ТИРАНА, Албанија -- Обвинителството во средата (8-ми октомври) одлучи да отвори кривична постапка против босанскиот државјанин Дамир Фазлиќ, во врска со наводните финансиски активности во Албанија. Според извештаите во медиумите, Фазлиќ воспоставил бизнис врски со премиерот Сали Бериша и други владини претставници и регистриал голем број претпријатија во 2005 година. Наводните несоодветни активности на Фазлиќ вклучуваат: продажба на бизнис вреден 1.750 милиони евра кој никогаш не бил активен без плаќање какви било даноци за трансакцијата. Медиумите, исто така, објавија дека Фазлиќ стои зад српското претпријатие кое й продава енергија на Албанската енергетска корпорација (КЕШ) под поволни услови, со договори вредни околу 35 милиони евра. (ВОА, Балканвеб, Вижн +, Алсат, Клан - 08/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading