Култура и спорт: Филмскиот фестивал Трансилванија награди мексикански режисер

11/06/2008

Единсветниот документарен филм на романскиот Филмски фестивал Трансилванија доби награда од 10.000 евра. Исто така во вестите оваа недела: на конференцијата во Тирана одбележана 130-годишнината од Призренската лига и Србинката Ана Ивановиќ ја освои својата прва гренд слем титула на Френч опен.
photo

Кетрин Денев. [Габриел Петреску]

Филмскиот фестивал Трансилванија, единствен меѓународен филмски настан во Романијa, се одржа во Клуј од 30-ти мај до сабота (7-ми јуни). Овогодинешната награда од 10.000 евра отиде во рацете на единствениот документарен филм „Интимности на Шекспир и Виктор Хуго“ на мексиканскиот режисер Јулен Олаизула. Катрин Денев ја доби наградата за животно дело за нејзиниот придонес во европскиот филм.

***

Во Tиранa во вторникот (10-ти јуни) започна серија културни и научни настани за одбележување на 130-годишнината од Призренската лига, основана во 1878 година за одбрана на териториите населени со Албанци кои бараа автономија од Отоманската империја. Помеѓу активностите ќе бидат и фолклорни концерти, изложби на визуелна уметноста и фотографија, научна конференција и прикажување документарни филмови.

***

Второто издание на меѓународниот конгрес на скулптори траеше до понеделникот (9-ти јуни) во Анталија, Tурција. Настанот привлече 28 склуптори од 12 земји: Азербејџан, Босна и Херцеговинa, Унгарија, Грузија, Италија, Косовo, Русија, Србијa, Словенијa, Турција, Tуркменистан и Узбекистан.

***

Повеќе од 400 пејачи и танчери од Балканот учествуваа на 34-тиот традиционален фолклорен фестивал во Прилеп, Македонија. На дводневниот настан, кој заврши во неделата (8-ми јуни) учествуваа претставници од Maкедонијa, Србијa, Словенијa и Бугарија.

***

Грчкиот остров Крит беше домаќин на дводневниот меѓународен голф турнир кој заврши во саботата (7-ми јуни). На настанот учествуваа 176 учесници од 12 земји.

***

Романијa беше домаќин на шестото издание на меѓународниот литературен фестивал „Литературни денови и ноќи“. Тридневниот настан, кој заврши во средата (11-ти јуни), традиционално се одржува во романските одморалишта Нептун и Мангалија. Учествуваа околу 40 европски писатели, критичари, преведувачи, издавачи и уредници. Овогодинешниот фестивал се одржа во контекст на дијалогот меѓу културите, под темата „Иднината на литературата, литературата на иднината“.

***

Српската тенисерка Ана Ивановиќ ја победи Динара Сафина од Русија со 6:4 и 6:3 во финалето за жени на Френч опен во саботата (7-ми јуни). Ова беше прва гренд слем титула за 20-годишната Ивановиќ, која беше второпласирана на Френч опен 2007 и Австралија опен 2008.

(Разни извори – 04/06/08-11/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading