Наука и технологија: Трансплантацијата на органи во Грција во пораст

25/08/2008

Грција има 110 отсто зголемување на трансплантацијата на органи за период од една година. Исто така во вестите: Околу 2.000 Романци поседуваат имот на месечината и српските хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на Приштина.
photo

Операциите на трансплантација стануваат сé повообичаени во Грција. [Архива]

Бројот на трансплантации на органи во Грција се зголеми за 110 отсто од почетокот на оваа година во споредба со минатата година, според статистичките податоци на грчките медиуми во вторникот (19-ти август). Податоците покажуваат дека Грците покажуваат повисока толеранција за донациите на органи и повеќе не ги сметаат истите за табу.

***

Околу 2.000 Романци имаат имот на месечината, објави во вторникот (19-ти август) Адеварул. Продажбата на имоти на месечината започна во 1980 година, кога американскиот државјанин Денис Хоп започна да продава тапии. Оттогаш околу 6 милиони луѓе од целиот свет станаа сопственици.

***

Tурското Министерство за државно образование ќе испрати околу 1.400 студенти да се запишат на магистерски и постдипломски програми во странство во академската година 2008-2009. Мерката е дел од програмата „5.000 студенти за пет години“, која ги поддржува талентираните студенти кои сакаат да го продолжат своето образование во странство.

***

Пограничниот премин Богородица помеѓу Гевгелија во Maкедонијa и Евзони во Грција доби најнови царински скенери кои можат да процесoираат помеѓу десет и 100 автомобили на ден. Опремата веќе им помогна на пограничните власти да запленат дрога, злато и друга недекларирана стока.

***

Српските хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на општина Приштина во четвртокот (21-ви август). Тие ја заменија насловната страница на Приштина со мапа на поранешна Југославија со петкрака ѕвезда на средината. Властите за еден час ја обновија страницата.

***

Првите хибридни такси возила ќе возат во Aтина. Иако се поскапи од конвенционалните возила, хибридните возила имаат помала потрошувачка на горива по помала брзина и мотор што застанува целосно кога возилото не се движи.

***

Сé поголем број грчки претпријатија за современа технологија бараат можности за развој во Романија и Бугаријa. Претпријатијата како што се ИТ Сервисис, Алтес, Профајл и Плесио компјутерс, меѓу другите, веќе имаат успех на пазарите на другите балкански земји.

***

Според неодамнешните статистички податоци, околу 1,3 милиони домаќинства го користеле Интернетот во Србија минатата година. Околу 23 отсто од Србите, повеќето на возраст меѓу 16 и 23 години, го користат Интернетот. Вкупно 159 интернет провајдери се регистрирани во земјата досега.

(Разни извори – 18/08/08-25/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading