Бизнис: Словенечки Меркатор ќе отвори трговски центар во Република Српска

05/09/2008

Словенечкиот синџир супермаркети ќе го отвори својот прв трговски центар во Бања Лука. Исто така во вестите оваа недела: во Грција во тек е изградбата на најдолгиот тунел.
photo

[Meркатор]

Словенечкиот синџир супермаркети Меркатор вели дека ќе го отвори својот прв трговски центар во Република Српскa до пролет 2009 година. Центарот ќе биде сместен на 42.000 квадратни метри во близина на градот Бања Лука. Моментно, синџирот има седум точки на продажба во Сараево, Тузла, Мостар, Какаљ и Капљина.

***

Чешкото претпријатие за енергија ЦЕЗ ќе инвестира 1,1 милијарди евра во парк на ветар со капацитет од 600 мегавати во Романијa, објави претпријатието на 28-ми август. Проектот ќе биде најголем во Европа и ќе работи следната година. ЦЕЗ влезе на романскиот пазар во 2005 година, кога тој го презеде претријатието за енергија Електрика Олтенија.

***

Бугаријa потпиша договор со јапонската Банка за меѓународна соработка за позајмување 230 милиони евра за изградба на нови контејнерски терминали на своите две најголеми црноморски пристаништа Варна и Бургас, објави на 30-ти август Министерството за финансии. Владата ќе ги обезбеди останатите 110 милиони евра за проектот.

***

Кувајтското претпријатие Ал-Замел претстави проект за изградба на трговски и станбен комплекс во близина на градот Бихаќ во Босна и Херцеговинa на 28-ми август. Проектот, вреден 128 милиони евра, предвидува изградба на станбен комплекс, трговски центар, хотел, комерцијален облакодер, подземен паркинг, спортски центар, внатрешен базен и две фонтани.

***

Tркиш ерлајнс (Тхи) даде понуда за купување 49 отсто од превозникот на Босна и Херцеговина „Ер Босна“. „Тхи“ е, исто така заинтересиран за купување 42,5 отсто од „Аустријан ерлајнс“, објави претседателот Кандан Карлитекин.

***

Грчките власти започнаа со изградба на тунел долг 6,1 километар, најдолг во земјата. Истиот ќе се наоѓа во областа Темпи и треба да биде завршен за три и пол години. Конзорцумот „Моторвеј Егају СА“ ќе го спроведе проектот, кој вреди 1,3 милијарди евра.

***

Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) ќе одвои 150 милиони евра како помош за изградбата на Коридорот 10 во Србијa, рече премиерот Мирко Цветковиќ на 31-ви август, по состанокот со претседателот на ЕБРД, Томас Мироу. Финансиската институција ќе ги помага проектите на српската влада со 250 до 290 милиони евра годишно, рече Мироу.

(Разни извори -- 28/08/08-05/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading