06/10/2008
Шестото издание на „Мајкрософт вижн“ се одржа во Скопје. Исто така во вестите од науката и технологијата оваа недела: виртуелна тура на истанбулската Соба на светите реликвии во Палатата Топкапи поставена онлајн и археолозите открија античка грчка порта.
![]() Конференцијата привлече програмери, специјалисти и менаџери. [Toмислав Георгиев] |
Sкопјe беше домаќин на шестото издание на „Мајкрософт вижн“, најголемата технолошка конференција во земјата, во средата (1-ви октомври) и во четвртокот. Настанот привлече ИТ специјалисти, програмери и менаџери, кои ги претставија најновите развојни решенија на „Мајкрософт“ и долгорочните стратегии.
***
Виртуелна тура на Собата на светите реликвии во Палатата Топкапи во Истанбул, поранешниот главен град на Отоманската империја, сега може да се погледне на www.360tr.com. Посетителите може да ги погледнат предметите за кои се верува дека им припаѓале на пророците на Абрахамовата традиција. Мултимедијална група ја креираше виртуелната тура како дел од својот проект за „виртуелизација“ на Палатата Топкапи.
***
Петтата конференција на Вештачка интелигенција беше отворена во четвртокот (2-ри октомври) во културниот центар Ермуполис на грчкиот остров Сирос. Организатори на настанот беа Хеленистичкото друштво на вештачка интелигенција и Егејскиот универзитет. Конференцијата заврши во саботата (4-ти октомври).
***
Грчката фондација Еугенидес започна проект e-KnowNet „Истражувачки лаборатории -- наставници -- научни центри: Соработка со Употребата на информатичка и комуникациска технологија“ на церемонијата во Атина во четвртокот (2-ри октомври). Проектот има за цел да развие (ИЦТ) механизам на иновативната информатичка и комуникациска технологија за брзо и ефикасно ширење на нови научни знаења меѓу лаиците.
***
Археолозите открија голема порта која датира од античка Грција за време на ископувањата во регионот на Пелина во грчката префектура Трикала минатата недела. Пелина за првпат се појавува во делата на грчкиот лирски поет Пиндар.
***
Научна конференција за политичата и националната безбедност беше отворена во средата (2-ри октомври) во Националниот воен универзитет „Васил Левски“ во Велико Трново, Бугарија. Научниците ќе претстават повеќе од 40 извештаи за теми поврзани со безбедноста за време на настанот.
***
Косовската царинска служба доби опрема за инспекција и детекција -- вклучително и два скенери и едно мобилно скенер комбе -- донација на Американската амбасада во Приштина во четвртокот (2-ри октомври). Опремата ќе помогне во откривањето украдени предмети мерејќи ја густината и со рендгенско снимање.
***
Мобилниот телефон iPhone 3G за првпат се појави на турскиот пазар на 26-ти септември. Водафон и Туркчел ја продаваат направата во Турција.
(Разни извори – 29/09/08-06/10/08)