Култура и спорт: Во Приштина се одржа Меѓународен детски фестивал

08/10/2008

Приштина беше домаќин на детскиот фестивал „Виножитата на Приштина“. Исто така во вестите од културата оваа недела: српски писател ја освои престижната награда за литература Балканика и бугарски филм ја освои наградата на публиката на фестивалот на филмот во Цирих.
photo

Приштина во петокот (3-ти октомври) го прослави Меѓународниот детски фестивал. [Лаура Хасани]

Вкупно 21 музички ансамбл учествуваа на седмото издание на Меѓународниот детски фестивал, насловен како „Виножитата на Приштинa", во петокот (3-ти октомври). Организатори на настанот беа: градот Приштина, Детскиот културен центар и Министерството за култура, млади и спорт. На настанот учествуваа ансамбли од Maкедонија, Хрватска, Турција, Црна Гора и Aлбанијa.

***

Во неделата (5-ти октомври), српскиот писател Владимир Бајац ја освои наградата за литература Балканика за неговиот роман Хамам Балканијa на 11-тата церемонија на доделување награди Балканика, која се одржа од петокот (3-ти октомври) до понеделникот. Околу 30 писатели, издавачи, литературни критичари и романсиери од шест балкански земји се собраа за настанот во Скопје.

***

Српската тениска ѕвезда Јелена Јанковиќ ја освои гран при наградата во Штудгард, во неделата (5-ти октомври), поразувајќи ја Русинката Надја Петрова. Турнирот, познат и како гран при Порше, му дава на победникот можност да бира меѓу 100.000 американски долари и „порше“.

***

Косовскиот фестивал на камерна музика Камерфест беше отворен во неделата (5-ти октомври) во Приштина и ќе трае до 30-ти октомври. Деветтото издание на настанот собра уметници од различни земји.

***

Бугарскиот филм Светот е голем, и Спасението се прикраднува од зад аголот ја освои наградата на публиката на филмскиот фестивал во Цирих, кој траеше од 25-ти септември до неделата (5-ти октомври). Филмот -- копродукција на Бугарија, Германија, Унгарија и Словенија -- се базира на автобиографскиот роман на Илија Тројанов.

***

Меѓународниот куп во едрење за жени беше отворен во понеделникот (6-ти октомври) во Бодрум, Tурција. Скоро 200 спортисти од Турција, Русија, Германија, Швајцарија, Холандија и Израел учествуваат на турнирот од пет круга. Турирот завршува на 11-ти октомври.

***

Елбасан, Aлбанијa, е домаќин на десеттото издание на Меѓународниот фестивал на современ театар Скампа, од саботата (4-ти октомври) до петок. Пет албански и шест меѓународни театри од Црна Гора, Maкедонијa, Aвстрија, Италија и Романијa учествуваат на овогодинешниот фестивал.

(Разни извори – 01/10/08-08/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading