10/10/2008
Економиите на Југоисточна Европа се борат со светската економска криза. Исто така во бизнис вестите: Грција ја отвори својата прва фабрика за биогас и Светската банка ја одобри новата стратегија за партнерство за Хрватска.
![]() Комбинираниот индекс на Истанбулската берза падна на 29.096,18 поени во средата (8-ми октомври), но акциите се повратија и достигнаа 29.900 поени. [Getty Images] |
Букурешката берза го прекина тргувањето во средата (8-ми октомври), по масовните загуби како реперкусија на светската финансиска криза. Комбинираниот индекс на Истанбулската берза падна на 29.096,18 поени во средата, но акциите се повратија и достигнаа 29.900 поени. Кипарското политичко раководство во вторникот разговараше за итен акционен план за справување со актуелната глобална кредитна криза. Српската Централна банка објави дека банкарскиот сектор во земјата останува стабилен како резултат на рестриктивната фискална политика и ја повика јавноста да не паничи. Грчката влада објави дека ќе усвои нова легислатива за осигурување на депозитите до 100.000 евра за период од три години.
***
Грција ја отвори својата прва фабрика за биогас во Кавала на 4-ти октомври. Новата фабрика ќе произведува биогас и органски ѓубрива преку најсовремен интегриран систем на управување со животински отпад. Фабриката во Кавала КРЕКА С.А изгради модел оддел, вреден 3,5 милиони евра. Претпријатието и Министерството за економија и финансии заеднички го финансираа проектот.
***
Романската влада во средата (8-ми октомври) одлучи да формира национално енергетско претпријатие, кое ќе вклучува скоро 50 отсто од производството на енергија на земјата. Новото претпријатие, наречено Електрика, ќе има вкупен капацитет од 10.000 мегавати, рече премиерот Калин Попеску Таричеану.
***
Tурција ќе инвестира 230 милиони евра во хрватското пристаниште Задар, рече Кемал Озген, претседател на Стопанската и индустриската комора на Анталија (АТСО), во средата (8-ми октомври). Новото задарско пристаниште ќе биде отворено во 2011 година.
***
Косовo има растечка стапка на невработеност, бавен економски раст, висок трговски дефицит и растечка инфлација, се вели во извештајот на Институтот за истражување на развојот Риинвест, објавен на 6-ти октомври. Во извештајот се тврди дека лошото управување ги продолжува старите социоекономски трендови.
***
Светската банка ја одобри новата партнерска стратегија за Хрватскa, која ќе важи во следите четири години, од 2009 до 2012 година. Банката вели дека стратегијата вклучува буџет од 1,319 милијарди евра кој ќе се шири преку директни заеми, во техничка и аналитичка поддршка. Иницијативата има за цел да го засили процесот на пристап на Хрватска во ЕУ, да го забрза нејзиниот процес на приближување и да ја поттикне фискалната, социјалната и еколошката одржливост.
(Разни извори – 03/10/08-10/10/08)