Македонија спречи грчки војници во КФОР да ја преминат границата

05/06/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Царинските власти спречија контингент грчки мировници да ја поминат територијата на Македонија на нивниот пат до Косово бидејќи немале соодветна документација, соопшти портпаролот на македонското Министерство за надворешни работи, Васил Андоновски, во средата (4-ти јуни). Властите го запреа конвојот со 50 возила и 140 војници на границата во вторникот и го принудија да се врати во базата во Поликастро по консултациите со грчкото Министерство за надворешни работи и КФОР.

Според македонските власти, војниците немале пасоши, и наместо тоа ги покажале своите НАТО документи и лични карти. Андоновски рече дека дејството е преземено во согласност со Договорот за статусот на силите. Но, портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Јоргос Кумуцакос, рече дека Македонците ги прекршиле процедурите што биле следени во изминативе осум години. (Вимa - 05/06/08; АНА-МПА, Танјуг, Фокус, Катимерини - 04/06/08)