Турскиот Уставен суд се очекува в четврток да донесе одлука за случајот со шамиите

05/06/2008

АНКАРА, Турција -- Уставниот суд се очекува в четврток (5-ти јуни) да донесе одлука за амандманите што им дозволуваат на жените да носат шамии на универзитетите. Иако две третини од турските жени ги покриваат своите глави и анкетите на јавното мислење покажуваат повеќе од 70 отсто поддршка за дозволата да се носат шамии на универзитетите, ова прашање е предмет на дебати веќе со години. Во февруари владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) презеде иницијатива за укинување на забраната за носење шамии врз основа на верските и лични слободи. Аналитичарите велат дека одлуката на судот во овој случај може да покаже како истиот ќе пресуди и за следниот случај против АКП, во кој партијата се обвинува за поткопување на секуларизмот. (Хуријет - 05/06/08; AП - 04/06/08)