05/06/2008
ТИРАНА, Албанија -- Претседателката на парламентот, Јозефина Топали, во средата (4-ти јуни) рече дека парламентот ќе му го укине имунитетот на поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, кој е обвинет за злоупотреба на функцијата во врска со серијата смртоносни експлозии во складиштето со муниција во селото Гердец на 15-ти март. Медиу поднесе оставка поради овој инцидент два дена подоцна, наведувајќи ги „моралните причини“ за својата постапка, но инсистираше на тоа дека нема „да му дозволам никому да ја претвори мојата одлука во правна одговорност“. Во вторникот американскиот амбасадор во Тирана, Џон Витерс, ја повика владата и парламенот да не ја одложуваат истрагата на обвинителот за случајот. (Шекули, Шкип - 05/06/08; ВОА, ББС - 04/06/08)