Градоначалникот на Митровица повика на спроведување на планот на Ахтисари

05/06/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Градоначалникот на Митровица, Бајрам Реџепи, во средата (4-ти јуни) рече дека очекува одлуките во врска со поделениот град да се засноваат на предлогот на поранешниот претставник на ОН за Косово, Марти Ахтисари, кога уставот на Косово ќе влезе во сила на 15-ти јуни. По состанокот со командантот на КФОР, Ксавиер Бу де Марнак, Реџепи рече дека има барање за повторно воспоставување царинска служба на двата гранични премини во северно Косово, кои Србите ги уништија откако Косово прогласи независност во февруари. „Ако ова не успее, овие два погранични пункта треба да се затворат еден месец... за да се спречи шверцот и загубите во косовскиот буџет“, рече Реџепи. (Коха Диторе, Лајм - 05/06/08; Телеграфи, РТК - 04/06/08)