05/06/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во својот последен извештај за работата на Мировните сили на ОН во Кипар (УНФИКИП) во средата (4-ти јуни) рече дека гледа шанса за решавање на долготрајното кипарско прашање. Напорите за решавање на спорот помеѓу заедниците на кипарските Турци и кипарските Грци на островот продолжија на крајот од март по историскиот договор помеѓу водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, и новиот кипарски претседател Деметрис Христофиас. Во својот извештај Бан ги повика двајцата да го спроведат договореното. Тој предложи обновување на мандатот на УНФИКИП за шест месеци. (Сајпрус мејл, Фамагуста газете - 05/06/08; КНA - 04/06/08)