Македонскиот претседател го откажа доаѓањето на самитот во Атина

06/06/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Канцеларијата за комуникација со медиумите на претседателот Бранко Црвенковски во четвртокот (5-ти јуни) објави дека тој го откажал патувањето за Грција бидејќи Атина одби да му дозволи на неговиот авион да се приземји. На авионот се наоѓа македонскиот државен симбол, чувствителен опис поради долготрајниот спор околу името помеѓу Грција и Македонија. Црвенковски требаше да присуствува на самитот со колегите од Југоисточна Европа подоцна следната недела. Во април грчките власти одбија да му дозволат на македонскиот авиопревозник „Македонски авиотранспорт“, да прелета преку грчкиот воздушен простор поради името на претпријатието. (MИA, Makfax, A1 TV, AP - 05/06/08)