06/06/2008
ПРИШТИНА, Косово -- На дебатата за децентрализацијата во Грачаница, во непосредна близина на Приштина, во четвртокот (5-ти јуни), шефот на Меѓународната цивилна канцеларија (ИКО), Питер Фејт, рече дека процесот ќе биде од корист за локалните Срби, делумно поради формирањето пет нови општини во кои тие би биле мнозинство. Фејт ги увери дека децентрализацијата ќе ја следи шемата предложена од поранешниот претставник на ОН за Косово, Марти Ахтисари. „Важно е да им помогнеме на граѓаните и да им понудиме подобри услуги и да го подобриме секојдневниот живот на Србите и другите малцинства. Овој процес му овозможува на српското малцинство да се интегрира во општеството“, вели тој.
Спроведувањето на планот на Ахтисари, исто така, беше потпомогнато од парламентот во четвртокот. Пратениците усвоија уште пет закони што произлегуваат од неговиот план за надгледувана независност, со што вкупниот број сега е 30. (Зери, Коха Диторе, Експрес; КТВ, РТК - 05/06/08)