06/06/2008
ВАШИНГТОН, САД -- Државниот секретар, Кондолиза Рајс, во четвртокот (5-ти јуни) го увери турскиот министер за надворешни работи во посета на земјата, Али Бабаџан, дека САД се посветени на тоа да й помогнат на Турција да се справи со терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК). „ПКК е непријател на Ирак. Таа е непријател на Соединетите Држави, непријател на Турција и непријател на регионот“, рече Рајс. Таа и Бабаџан, исто така, разговараа околу турските напори за посредување помеѓу Израел и Сирија. САД понудија помош во овој дијалог.
Исто така во четвртокот, командантот на турските копнени сили, генерал Илкер Басбуг, рече дека Турција и Иран разменуваат разузнавачки информации и спроведуваат заеднички напади врз камповите на ПКК во северен Ирак. „Кога тие ќе започнат операција, започнуваме и ние“, рече генералот на маргините од конференцијата за безбедност во Истанбул. (Заман - 06/06/08; AП, ЦБС, Ројтерс - 05/06/08)