12/06/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Пратениците ја усвоија новата државна химна на својата земја во средата (11-ти јуни), скоро четири месеци откако Косово прогласи независност од Србија. На специјалната седница химната беше изгласана со 72 гласови „за“ и 15 „против“, како и пет воздржани. Составена од Мехди Менџиќи, химната претставува мелодија без стихови, која е наречена „Европа“. Истата е усогласена со принципот предвиден во планот на поранешниот претставник на ОН Марти Ахтисари, според кој во новите симболи мора да биде земен предвид мултиетничкиот карактер на државата.
Конкурсот за државна химна започна веднаш откако Косово прогласи независност во февруари. Учествуваа повеќе од 130 композитори. Косовскиот устав влегува во сила в недела. (Коха Диторе, Експрес, Зери - 12/06/08; Teлеграфи, Б92, АФП, Косовалајв, АП, Танјуг - 11/06/08)