Рен вели дека мирните избори се клучни за кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ

12/06/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Организирањето мирни и фер избори останува критериум за отпочнување на разговорите за пристапување на Македонија со ЕУ, му рече комесарот за проширување, Оли Рен, на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во средата (11-ти јуни). Рен додаде дека Европската комисија внимателно ја следи ситуацијата во Македонија пред повтореното гласање во некои избирачки места в недела. Првиот обид, на 1-ви јуни, беше нарушен со насилство, заплашување на гласачите и измама во 196 избирачки места. Милошоски, од своја страна, го увери Рен дека Македонија ќе продолжи да се заложува за еднаквост и владеење на правото. Земјата се надева дека ќе добие конкретен датум за почеток на разговорите за пристапување на ЕУ пред крајот на годинава. (Maкфакс, А1, МИA - 11/06/08)