15/06/2008
ПРИШТИНА, Косовo -- Уставот на Косово, усвоен на 9-ти април, скоро два месеци откако поранешната српска покраина прогласи независност, стапи на сила денес (15-ти јуни). Легализацијата е направена според планот на поранешниот претставник на ОН за Косово, Марти Ахтисари. Уставот го дефинира Косово како независна и суверена парламентарна република.
Во другите вести, претседателот Фатмир Сејдиу во петокот го поздрави планот на ОН кој предвидува реструктуирање на мисијата на ОН во Косово за да й се даде на ЕУ поголема улога во младата држава.
Косовскиот парламент во петокот усвои закон за создавањето на професионални безбедносни сили од 250 припадници. Според законот, силите ќе бидат професионални и мултиетнички и ќе бидат под цивилна контрола. (Бета, Макфакс, РТС - 15/06/08; AФП, РИА Новости - 13/06/08)