15/06/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Гласачите во 183 општини излегоа на гласање во неделата (15-ти јуни), во вториот круг од изборите што започнаа на 1-ви јуни. Само 1.707 градоначалници и други локални администратори, од вкупно 3,128 во земјата, беа избрани во првиот круг. Полицијата предупреди во саботата за ризикот од насилство во 12 градови во округот Аргес, поради интензитетот на предизборната кампања таму. (Ромпрес - 15/06/08; Meдиафакс - 14/06/08)