Српскиот министер за Косово, Самарџиќ, го посети Косово

15/06/2008

БЕЛГРАД, Србија/ПРИШТИНА, Косово -- Српскиот министер за Косово, Слободан Самараџиќ, денес (15-ти јуни) ќе допатува во дводневна работна посета на Косово. Тој ќе се состане со претставниците на општините во северниот дел од поранешната српска покраина, каде што живее поголем дел од етничкото српско население. Тој рече дека косовскиот устав е нелегален. (РТС, Б92 - 14/06/08)